ВИДЕО: Волфсбург во Цвајте после 29 години, Падерборн се врати во елитата!

Екипата на Падерборн 07 го надигра Волфсбург со конечни 2-1 (1-1) во вториот бараж-натпревар на Бундеслигата, обезбедувајќи пласман во елитното друштво после шест години. 

  • Извештај од натпреварот:

Во регуларното време, натпреварот заврши со конечни 1-1, откако по еднаш на двете страни стрелаа Џенан Пејчиновиќ и Филип Билбија. Волфсбург беше во тешка ситуација откако остана со играч помалку уште во 14. минута, но успеа да го одведе мечот во продолженија. 

Падерборн во екстра-времето ја искористи бројчаната предност и ја затресе мрежата преку Лаурин Курда, кој ги постави конечните 2-1 во 100. минута. За потсетување, првиот меч заврши со резултат 0-0. 

Волфсбург им приреди големо разочарување на своите навивачи, додека фановите на спротивната страна го прославија големиот успех и враќањето во првата Бундеслига.