Волфсбург се раздели со тренерот Флоријан Кофелд

Викендов заврши сезоната во Бундеслигата, а веќе денес падна уште една тренерска жртва. Германскиот бундеслигаш Волфсбург со заедничка согласност се раздели со тренерот Флоријан Кофелд.

Раководството на „волците“ се одлучи за ваков потег по променливата сезона на клубот, откако минатата сезона му беше една од најуспешните.

„Жалиме за ваквиот развој на настаните и му благодариме на Флоријан Кофелд што ни помогна во оваа тешка ситуација и донесе правилни одлуки за да се осигураме дека ќе останеме во елитата. Не сакаме да бидеме под притисок од почетокот на следната сезона и се договоривме да ја завршиме заедничката соработка“, изјави Јерг Шмадке, директор на клубот.

Волфзбург сезоната во шампионатот ја заврши на дванаесеттото место, само една сезона откако беше четврти и играше во Лигата на шампионите.