ВИДЕО: Волфсбург немоќен во Минхен, РБ Лајпциг чудесно прокоцка 0-3 кај Бохум 

Најтрофејниот германски колектив, Баерн Минхен запиша уште една победа во сезоната во Бундеслигата, откако на свој терен со 3-2 го совлада тимот на Волфсбург во дербито на колото во Германија

Баварците до новите три бода стигнаа со два гола во првото и еден во второто полувреме. Резултатот го отвори Леон Горецка во 20. минута, а откако Амоура израмни на 1-1, во финишот од полувремето летното засилување Олисе ја врати домашната предност (2-1). Малку фалеше на пауза да се замина со 3-1, откако ВАР го поништи голот на Кимих, поради игра со рака.

  • Баерн Минхен - Волфзбург 3-2:

Во второто полувреме Горецка со нов погодок го зголеми водството на својот тим, додека конечните 3-2 ги постави Амоура. 

Сигурна победа забележа уште еден претендент за највисок пласман, Штутгарт, додека РБ Лајпциг на чудесен начин остана без трите бода на средбата со Бохум (3-3).

„Швабите“ пред својата публика го демолираа Фрајбург со 4-0, додека „биковите“ прокоцкаа водство од 0-3. Орбан, Нуса и Баумгартнер се погрижија за убедливи три гола предност за РБ Лајпциг на полувреме, но на стартот од вториот дел на сцена стапи Мајрон Боаду, кој за тринаесет минути постигна три гола и на својот тим му донесе голем бод. Eљиф Елмас одново беше на клупата за резерви и не доби шанса за настап.

На останатите натпревари Сент Паули славеше на гостувањето кај Хајденхам (0-2), а Хофенхајм беше поуспешен од Холштајн Кил (1-3)

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Ралф Хасенхутл

    4-1-3-2