ВИДЕО: Волфсбург не ја проби затворената Фортуна и одигра второ реми во низа во Бундеслигата 

По шесте бода на стартот од новата сезона на Бундеслигата, екипата на Волфсбург го запиша второто реми во низа, откако на теренот на Фортуна Дизелдорф одигра само 1-1. 

Избраниците на Оливер Гласнер беа подобриот противник, имаа иницијатива во текот на сите 90 минути, но не успеаја да ја пробијат густата домашна одбрана, којa по примениот гол речиси и да одигра перфектно. 

Извештај од натпреварот:

Првото вистинско возбудување го приредија фудбалерите на Фортуна, откако Гиселман ја стресе гостинска мрежа и донесе водство на својата екипа, но радоста на домаќините кратко траеше. 

Во 29 минута, Вегхорст на асистенција на Бракало, биеше меѓу нозете на Штефан и ги постави конечните 1-1. До крајот на мечот тимот на Волфсбург имаше неколку зрели шанси за цел плен, но Бракало и Вагорст не ја погодија целта.

Во следното коло Волфсбург пред својата публика ќе се судри со Хофенхајм, додека Фортуна гостува кај Борусија Менхенгладбах