• Иван Димовски

Фудбалерите на Волфсбург се радуваа на победа во пресметката со Борусија Дортмунд (2-0), во 14. коло на Бундеслигата. Домаќинот на „Воллксфаген Арена“ поведе рано, ја одбрани предноста, а потоа во финишот само ја потврди победата над фаворизираниот ривал.
Само шест минути му беа потребни на Волфсбург да поведе. Борнау нафрли од корнер на втората статива, а таму се снајде Ван де Вен кој погоди за 1-0. Домашните имаа закани рано во натпреварот, се обидуваа Мармуш и Отавио, додека за Борусија се обиде Мален.
Се играше отворено во првото полувреме, Мармуш имаше голема шанса и изнуди фантастична интервенција на Кобел, додека на спротивната страна Брандт и Зуле можеа да израмнат. Иако во два наврати играчи на Волфсбург играа со рака, судиите не проценија дека треба да има пенал. Во продолжението Дортмунд беше поопасен, се закануваше преку Гереро и Мукоко, но домашните се бранеа.
- Извештај од натпреварот:
Откако домашните целосно се отворија, Волфсбург го искористи тоа и дојде до втор гол. Акцијата почна на средината, топката дојде до Вимер кој се обидуваше да ја задржи топката, но виде простор и го пронајде Лукас Нмеча кој погоди за конечните 2-0 во 92. минута. Со овој триумф Волфсбург има 20 бода на осмото место, додека Борусија Дортмунд со 25 е четврта.