ВИДЕО: Волфсбург двапати водеше, но Хофенхајм освои бод за опстанок

Фудбалерите на Волфсбург и Хофенхајм одиграа нерешени 2-2 на отворањето на 33. коло во Бундеслигата. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот на „Волксфаген Арената“ во Волфсбург понуди четири погодоци, а домашните имаа за што да жалат бидејќи двапати водеа. Сепак, Хофенхајм се враќаше во два наврати и освои многу важен бод со кој практично си обезбеди опстанок, иако има само теоретска шанса да игра бараж. До крајот Хајденхајм има само теоретска шанса да го престигне Хофенхајм бидејќи има шест бода помалку и меч помалку, меѓутоа и полоша гол-разлика за девет гола

Околу натпреварот, Волфсбург стигна до рана предност уште во првата минута со автоголот на Остигард. Во финишот на полувремето Кадерабек успеа да израмни на 1-1, резултат активен на паузата. 

Голови во продолжението немаше до пред финишот, а тогаш Винд погоди за 2-1 во 81. минута и три подоцна Бултер стрела за израмнување.