ВИДЕО: Волеј за насловни шпици - Шурле со перфектен удар го изненади Барнли

Шурле

Погодокот на Андре Шурле во втората минута се чинеше дека ќе донесе позитивен резултат за Фулам на гостувањето кај Барнли. 

Но, екипата на Клаудио Раниери си постигна два автогола и остана во зоната за испаѓање. Мала утеха е убавината на голот на германскиот интернационалец, кој испрати неодбранлив волеј од десната страна, за почетна предност на „Турф Мор“.

Погледнете го ремек-делото на Шурле: