• Зоран Мишевски
Bез победник заврши првиот натпревар од плеј-офот во Бундеслигата за опстанок и настап во следната сезона, Волфсбург го пречека Падерборн на домашен терен и одигра само 0-0. Домашниот тим беше подобар, поквалитетен, имаше многу повеќе шанси, но вечерва немаше реализатор.
- Извештај од натпреварот:
Веќе во деветтата минута Кастанеда имаше добра шанса за Падерборн. Потоа Волфсбург креираше неколку прилики кои не беа „стопроцентни“, но беа закана. Најдобрата можност за „волците“ ја имаше Дагим во 32. минута кога излезе сам пред голманот на Падерборн, но Зајмен излезе како победник во нивниот дуел. Дагим имаше уште една шанса во 63. минута кога со глава ја погоди пречката. Од слободен удар се закани и ветеранот Ериксен, но голманот на гостите повторно беше на висина на задачата. Филип Билбија ја имаше најдобрата шанса за Падерборн во второто полувреме, во 84. минута, но немаше промена на резултатот.
На самиот крај од судиското продолжение, Штикер еден од најдобрите играчи на Падерборн, доби два жолти картони и ќе го пропушти реваншот, кој ќе се игра на 25 мај.

