„Волците“ против Борусија Дортмунд по прекин на црната низа

Борусија не игра како што се очекува од неа, Марко Розе е далеку од посакуваниот мозаик, а покрај сите проблеми остана и без далеку најдобриот и најважен фудбалер – Ерлинг Халанд. Но, повторно, тимот по дванаесет кола има ист број на победи како Баерн и се наоѓа на само еден бод негатива од шампионот и најголемиот фаворит за титулата.

Волфсбург тргна доста добро со новиот тренер Флоријан Кофелт, врза три победи, а потоа непланирано остана без два бода во Билефелд и лесно падна кај Севиља во Лигата на шампионите.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Волфсбург - Борусија Дортмунд

Да не беше тој очигледен пад на формата, „ волците“ ќе ја дочекаа пресметката со Дортмунд во добро расположение, со надеж дека конечно може да ја прекинат ужасната низа во меѓусебните пресметки (на девет претходни натпревари Волфсбург не ѝ даде гол на Борусија, загуби осум пати и еднаш извлече реми), но вака имаат многу причини за страв дека црната низа ќе се продолжи. 

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Бундеслигата

Последен пат домаќинот на „Фолксваген Арена“ славеше уште во мај, 2015 година!? Дортмунд загуби на три од последните четири гостувања. Отсуството на Халанд посебно се чувствува на „Вестфален“, затоа што Донел Мален засега не го оправдува епитетот на најголемо засилување. Ако не го сметаме Норвежанецот, напаѓачите на „милионерите“ постигнаа само два гола оваа сезона.

Од друга страна, „волците“ имаат надеж поради одличната форма на Лукс Нмеча, односно во повратникот во стартните единаесет и првиот стрелец Вут Вегорст. Реми делува најреално, со мал број на голови.