„Волците“ на тежок испит кај шампионот во Минхен

Милер

Волфсбург игра катастрофално лошо, излез од кризата не се наѕира и нема сомнеж дека Флоријан Кефелт и неговите момци едвај ја чекаат зимската пауза. Но, пред паузата ги чека уште еден тежок испит. Поточно, најтешкиот – гостување кај Баерн Минхен.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Бундеслигата >>>

Без разлика на големите проблеми со повредите, „баварците“ играат сјајно. Врвната форма ја покажаа во Штутгарт во текот на седмицата во вонредното коло каде од шега постигнаа пет гола, а можеа уште толку. Од друга страна, „волците“ двапати водеа против Келн (1-0 и 2-1), а на крајот мораа да се помират со пораз. Веќе осми оваа сезона. Така сега само фенерџијата Гројтер Фирт има повеќе неуспеси од Волфсбург.

Една од најслабите одбрани во лигите (25 примени гола), еден од најнеефикасните напади (17 постигнати гола) и низа од четири порази во лигата, или вкупно шест ако се смета и Лигата на шампионите, се податоците кои најавуваат дека „волците“ ќе бидат лесен плен за фаворитот Баерн.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Баерн Минхен - Волфсбург >>>

Такво нешто вели и традицијата. Баерн цели шест години знае само за победи против овој ривал. Конкретно – 12 победи и едно реми, ако ги сметаме и настапите во Купот. Во тој период двапати Баерн му даде шест гола на Волфсбург, двапати пет, еднаш четири...

Посебен страв во Волфсбург постои од Роберт Левандовски. Уште се памети онаа историска партија кога тој влезе во второто полувреме и даде пет гола за само девет минути.