Вокер: Виновен сум ама ова е премногу, ми го мачите и семејството

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер последниов период е во центарот на вниманието од страна на медиумите. Тој ги прекрши правилата на карантин во Англија, огранизирајќи дружење со проститутки. 

Бекот по случката беше јавно линчуван и многу веројатно го загуби местото во репрезентацијата на Англија, со што го поттикнаа играчот да напише долга изјава на својот Твитер профил. 

„Неодамна минав низ еден од најтешките периодо во животот поради случка за која преземам целосна одговорност. Сепак, сега веќе се чувствувам како да ме малтретираат. Тоа повеќе не влијае само на мене, туку и на здравјето на моето семејство и малите деца. Дури не се чувствувам сигурно ниту дома. Кога ќе биде крајот на ова лудило? Јас сум човек, без разлика дали сум професионален спортист. Дали некој размислува за моите чувства и психичкото малтретирање врз мене?“, напиша Вокер. 

По скандалот со проститутките, Вокер и оваа недела ја прекрши изолацијата, кога ги посетил својата сестра, а подоцна и родителите. Ваквите напади врз Англичанецот немаше да бидат така силни, доколку тој не „делеше лекции“ на фановите од Твитер заедницата за да останат дома.