„Вокер ми ги чистеше копачките, еднаш го исфрлив од собата – следниот ден потпиша за гигант во ПЛ“

Кајл Вокер доживеа понижување, соиграчите кои беа многу повозрасни и поискусни му се смееја, но тој беше оној кој што на крај последен се смееше. Англискиот бек го напушти Шефилд Јунајтед во 2009 година, кога како многу перспективен дефанзивец потпиша за Тотенхем, а подоцна оттаму го засили Манчестер Сити, каде стана еден од најдобрите десни бекови во светот.

Минатата сезона ја освои тројната круна со Сити, но почетокот на неговата сениорска кариера не бил воопшто лесен. Англискиот репрезентативец се соочувал со различни проблеми, а еден од нив е тоа што бол понижуван од постарите соиграчи.

Вокер пред да се појави на големата сцена ги чистел копачките на клупската легенда Били Шарп. Тој дебитираше за Шефилд Јунајтед во 2008 година, но непосредно пред заминувањето, колегите урнебесно го исфрлија од тимскиот хотел.

„Отидовме на претсезонско патување во Малта. Вокер и Ноутон беа цимери и поради некоја чудна причина ја добија најдобрата соба од сите нас. Не знаевме што се случува. Двајца млади момци ја имаат најдобрата соба. Ги избркавме од собата, а следниот ден и двајцата завршија во Тотенхем. Се обложувам дека тогаш тие нам ни се смееја“, раскажува Били Шарп.

Вокер имаше 229 настапи за Спарс пред да замине во Сити, додека Ноутон одигра 74 натпревари пред да се пресели во Свонси каде играше девет години. Што се однесува до Шарп, тој сега игра во МЛС лигата со Лос Анџелес Галакси.