Војводина со најголемиот трансфер во историјата тргнува по титулата во Србија?

Амбициозниот српски прволигаш, Војводина од Нови Сад, има план да го оствари најзвучниот трансфер во историјата и да го доведе во своите редови феноменалниот Душан Тадиќ!

35-годишниот играч на Фенербахче би можел да замине од Турција летово и да се се врати назад во тимот каде ја започна својата успешна кариера, јавуваат повеќе регионални медиуми. Тадиќ настапуваше за Војводина од 2006 до 2010 година и за овој клуб запиша 107 настапи, а воедно постигна и 29 голови. 

Навивачите се во делириум и едвај чекаат официјална потврда за неговиот „кам-бек“, а Тадиќ сигурно би бил најголемо засилување за тимот во следната сезона. Српскиот репрезентативец имаше богата кариера и потоа настапуваше за Гронинген, Твенте, Саутемптон и Ајакс, а за „орлите“ одигра вкупно 106 натпревари. 

Трансферот на Тадиќ би бил еден крупен чекор кон создавање на силен тим кој во блиска иднина треба да го нападне самиот врв во домашното првенство, а планот на амбициозната управа е освојување на шампионската титула во Србија