• Горан Упале
Поранешниот европски шампион Ајакс и новата сезона не ја започнa според очекувањата. Славниот холандски клуб, кој во последниот период го тресе голема резултатска криза, едвај успеа да ја совлада српска Војводина во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
„Јохан Кројф Арената“ беше исполнета до последно место, фудбалерите на Ајакс имаа огромна поддршка од трибините, но одново разочараа. „Копјаниците“ славеа со минимални 1-0 и тоа со гол постигнат во самиот финиш.
Домаќините долго време не можеа да го пробијат одбранбениот беден на српскиот тим. Фариоли ги искористи сите пет замани, а клучна беше претпоследната, бидејќи Ван де Бомен само што влезе во игра ја погоди целта и во 84. минута ѝ донесе голема победа на својата екипа.
- Извештај од натпреварот:
Минимален триумф забележа и тимот на Панатинаикос. Грците пред својата публика со 2-1 славеа во соочувањето со Ботев Пловдив, додека Килмарнок и Серкл Бриж одиграа без победник (1-1).