ВИДЕО: „Војната“ меѓу Мафео и Вини трае со години – срамна симулација на Аргентинецот

Барселона и Реал Мадрид в недела ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако мадридскиот тим во полуфиналето ја совлада Мајорка со 3-0. Второто полуфинале беше одбележано по еден конфликт, во кој една од главните улоги ја имаше ѕвездата на „кралевите“, Винициус Јуниор.

Во текот на целиот натпревар, бразилскиот офанзивец беше во постојан конфликт со Аргентинецот од Мајорка, Пабло Мафео. Винициус како лево крило, и Мафео како десен бек, често пати беа во остри директни дуели. По еден таков Мафео го испровоцира Бразилецот и падна на најлесниот допир. Овој пат судиите добро ја проценија ситуацијата и не го казнија Вини како на дуелот со Валенсија од пред неколку дена. 

Конфликтот меѓу двајцата во финишот на натпреварот прерасна во општо натегање меѓу екипите, кој заврши без посериозни физички пресметки. Конфликтот помеѓу Винициус и Мафео е стар неколку години. Аргентинецот еднаш доби црвен картон поради прекршокот над Вини и оттогаш меѓу нив владее нетрпеливост.

Пред натпреварот самиот Мафео придонесе за тензиите на теренот да пораснат, бидејќи на прашањето за можен боксерски меч меѓу него и Бразилецот во паралелен универзум, тој одговори дека е сигурен дека ќе го нокаутира Винициус за 10 секунди.

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Jagoba Arrasate

    4-4-2