• Сашо Поповски
Украинците повеќе од една недела ја бранат својата територија од Русија, која започна воен конфликт и наиде на осуда од цела Европа.
Жртви има на двете страни, а вчера беше потврдена смртта на младински тренер на екипата на Шахтјор. Оваа вест пристигна два дена откако двајца украински фудбалери го загубија својот живот во една пресметка.
Бидејќи Доњецк се наоѓа во Донбас, Шахтјор не може да ги игра своите домашни натпревари во „Донбас Арена“ откако започна конфликтот.
Украинската Премиер лига во моментов е суспендирана поради инвазијата на Русија. Шахтјор е на врвот на табелата со два бода повеќе од актуелниот шампион Динамо Киев.