Водителот се обиде да биде смешен, Клоп му одржа лекција: „Ти си незнајко“ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул го победи Шефилд Јунајтед со 0-2 (0-1) во вчерашниот натпревар од 15. коло во Премиер лигата, а по средбата, Јирген Клоп го коментираше она што го видел на теренот. За време на интервјуто влезе во мал конфликт со коментаторот, кого го нарече „целосно неук“.

Германскиот менаџер во неколку наврати истакна дека не му се допаѓа терминот од 13;30 часот, а токму во таа саатница Ливерпул следната сабота ќе игра против Кристал Палас. Коментаторот му го постави прашањето на Клоп, користејќи ги зборовите: „Вашето омилено време за почеток“.

„Одлично, навистина е одлично што се пошегувавте за тоа. Одиме дома, не знам кога ќе стигнеме, можеби 1 или 2 часот по полноќ, па пред новиот натпревар можеби ќе успееме да одработиме два тренинзи. Во ред е да се игра повторно откако ќе се одмориме. Исто е и со Кристал Палас. Но сфаќам дека не го разбираш тоа, иако работиш во фудбалот, па зошто да се мачам повторно да ти објаснувам.

Ако се шегуваш за тоа, тогаш си незнајко. Но, во ред е, фудбалот е забавен, сè е во ред“, рече Клоп.

Со оваа победа Ливерпул се врати на два бода дистанца во однос на лидерот Арсенал, додека Шефилд Јунајтед останува на дното со само пет освоени бода.

Состави

Chris Wilder

5-3-2

    Јирген Клоп

    4-3-3