Во вторник напладне ждрепка за Купот, во полуфиналето нема фаворити и аутсајдери

Преостанаа само уште три натпревари до крајот на Купот на Македонија за сезоната 2022/23. Треба да се одиграат двете полуфиналните средби и мајското финале.

Во вторник напладне во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за полуфиналето. Преостанати екипи во Куп-натпреварувањето се Струга Трим Љум, Шкендија, Силекс и Македонија Ѓорче Петров. Сите четири комбинации се можни, па нема повластени екипи во ждрепката. 

Од сите екипи, само Струга Трим Љум е без Куп-титула. Лидерот во ПМФЛ ќе брка прво одличје и воедно прв трофеј во историјата откако се пласира во елитниот ранг на македонскиот фудбал.

Силекс зад своето име има три трофеја во Купот (1994, 1997, 2021), Македонија ЃП освои две титули (2006, 2022), слично е и со Шкендија (2016, 2018). Фудбалската федерација на Македонија наскоро ќе го објави датумот на жрепката.

Натпреварите од полуфиналето на Купот на Македонија се предвидени за следниот месец, а финалето е во третата недела од мај. Трофејот од минатата сезона го брани Македонија Ѓорче Петров.