Во Ваљекас се прашуваат: Како ова беше пенал за Севиља? (ВИДЕО)

Екипата на Севилја со драматичен пресврт го совлада Рајо Ваљекано со 2-1, а победничкиот гол беше постигнат од пенал во седмата минута од судиското продолжение.

Интересно е што двата гола за домаќинот беа постигнати од белата точка. Првиот пенал го реализираше Гуриди, додека вториот го погоди Пеке, за голем пресврт и победа на домаќините.

Токму вториот пенал предизвика жестоки реакции. Ситуацијата во која Лејун наводно го фаулираше фудбалерот на Севилја, Роби Уре, беше крајно дискутабилна.

Од достапните снимки не е лесно да се утврди дали воопшто имало контакт. Дури и ако Лејун го допрел Уре со врвот на копачката, интензитетот на контактот не изгледа доволен за напаѓачот да падне на начинот на кој падна.

Сепак, судијата остана на својата одлука, а ниту од ВАР-собата немаше реакција за преиспитување на досудениот пенал. Севиља успеа да победи и покрај тоа што во самиот финиш остана со десетмина на теренот, откако Кике Салас беше исклучен во 88. минута.

Со многу среќа и два реализирани пенали, Севиља успеа да направи пресврт и да ги освои првите бодови во новата сезона.