• Зоран Мишевски
Бешикташ е првиот турски гигант кој го смени тренерот среде сезона. Џовани ван Бронхорст повеќе не е тренер на Бешикташ, објави прес-службата на клубот од Истанбул.
49-одишниот стручњак го водеше Бешикташ од јули. Под негово водство, тимот одигра дваесет натпревари, забележа десет победи, четири пати ремизираше и загуби на шест средби. Бешикташ по 12 натпревари е на петтото место во турската Суперлига со 21 бод.
Ван Бронкхорст претходно беше тренер на Глазгов Ренџерс, кинески Гуангжу и Феенорд.