Во тимот на Милан кој играше со Болоња имало позитивен играч на ковид-19

Екипата на Милан потврди дека во своите редови има заразен фудбалер со вирусот ковид-19. 

Се работи за бразилскиот стопер, Лео Дуарте. Дефанзивецот по долго време во понеделникот доби шанса и одигра 18 минути против Болоња, откако беше долго повреден. Сепак, од Милан најавија дека сите останати фудбалери се негативни и тренинзите продолжуваат нормално. 

„Милан објавува дека фудбалерот Лео Дуарте е позитивен на вирусот ковид-19, откако беше тестиран според рутинските процедури. Фудбалерот е во домашен карантин, додека останатите членови на групата беа сите негативни“, стои во соопштението. 

Милан веќе утре игра во третото квалификациско коло за Лигата на Европа против Бодо Глимт и играчите одново ќе бидат подложени на тестови.