Во Сплит се спрема нешто големо: Уште еден хрватски aс го засилува Хајдук?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ не се снајде најдобро во Бешикташ, а сега потенцијално би можел да го замени Истанбул - со Сплит.

Турскиот „Фотомак“ пренесува дека Ребиќ следното лето ќе го напушти Бешикташ, што не е чудно со оглед на тоа што пред две недели беше исфрлен од тимот предводен од Фернандо Сантош. Хајдук е еден од заинтересираните клубови, нешто слично за оваа можност се пишуваше и во ноември минатата година, а на истата тема се шпекулираше и на крајот од зимскиот преоден рок.

Ребиќ во Бешикташ пристигна минатото лето од Милан. Се очекуваше дека ќе биде големо засилување за турскиот клуб, но тој е на втор план. Турците пренесуваат дека 30-годишниот напаѓач ќе го напушти Бешикташ на крајот на сезоната, иако има договор до летото 2025 година.

Покрај за Милан, одличниот офанзивец уште настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт, Фиорентина, РБ Лајпциг и Верона, а во 2019 година за него постоеше интерес од гиганти како Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.