Во Шпанија е најздодевно: Празна „нула“ во Мајорка и Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Некогаш шпанското првенство беше фестивал за офанзивен фудбал и голови, а сега е најнеефикасно првенство од петте најсилни во Европа. Попладнево стрелците целосно разочараа, а ништо подобри не беа ниту вчера на првата половина на натпреварите од петтото коло.

  • Реал Сосиедад - Севиља 0-0: 

Дуелот во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Севиља заврши без голови, а домаќините уште во 27. минута не реализираа пенал. Мароканецот Боно го одбрани ударот од единаесет метри на еден од најдобрите изведувачи на пенали во лигата - Аитор Ојарзабал.

Поранешниот клуб на Александар Трајковски, Мајорка, одигра без голови против Виљареал (0-0). Ова е седмо реми во официјален натпревар за „жолтата подморница“ оваа сезона, откако претходно ремизираше и против Аталанта во Лигата на шампионите, против Челзи во Суперкупот на Европа и во сите одиграни натпревари од шампионатот. 

  • Мајорка - Виљареал 0-0:

Синоќа на „Мендизороза“ во Виторија, Осасуна со головите на Гарсија и Торес славеше против бледиот Алавес со 0-2, а Елче и Леванте одиграа 1-1. Македонскиот репрезентативец Енис Барди не настапи заради повреда. Поведоа домаќините преку Лукас Перез, но брзо возврати Моралес.

  • Алавес - Осасуна 0-2: 

  • Елче - Леванте 0-2: 

Полладнево во Севиља играат Бетис и новајлијата Еспањол, а вечерва на „Местаља“ ќе се соочат Валенсија и Реал Мадрид. 

Состави

Imanol Alguacil

4-4-2

    Julen Lopetegui

    4-4-2