Во Шибеник се водеше фудбалска „војна“, Ристовски вмешан во еден инцидент

Ристовски

Динамо Загреб успеа да запише победа на гостувањето кај Шибеник и стигна до нова титула во домашното првенство.

Домашниот тим имаше големи замерки за судењето, а вториот дел од натпреварот донесе многу малку фудбал. Толиќ и Бочкај беа стрелци на головите со кои тимот од престолнината оствари значајна победа.

Трибините беа преполни со навивачи, кои на моменти предизвикаа реакција од безбедносните сили. На теренот не беше ништо поразлично, а во еден мал инцидент беше вмешан и Стефан Ристовски, кој имаше директен судир со Ерос Грезда. Многу играчи застанаа меѓу нив двајца и спречија поголема мешаница при оваа ситуација, која донесе неколкуминутна пауза на мечот.

Динамо има четири бода предност пред Хајдук Сплит, а до крајот на сезоната во ХНЛ лигата останува само уште едно коло.

Состави

Mario Cvitanovic

4-4-2

    Анте Чачиќ

    3-4-3