ВИДЕО: Во сенка на незаборавната ноќ во Мадрид, од Англија доаѓа гол за ПАМЕТЕЊЕ! 

Додека сите очи на фудбалската јавност беа вперени кон сензационалниот пораз на Реал Мадрид од Ајакс и раната елиминација од Лигата на шампионите, од Англија ни доаѓа гол кој вистинска реткост во фудбалската игра. 

Екипата на Дерби Каутни предводена од Френк Лампард извојува значајна победа во борбата за плеј-оф, откако со 2-1 го совлада тимот на Виган, а првиот гол на домаќините беше мајсторија за паметења во режија на Мејсон Бенет. Младиот англиски офанзивец во стилот на Златан Ибрахимовиќ од свртување ја зафати топката и ја испрати на вистинско место, за 1-1, додека конечните 2-1 беа дело на искусниот Скот Мелон. 

Погледнете го магичниот потег на 22-годишниот Бенет: