• Иван Димовски
Фудбалерите на Лацио одиграа нерешени 1-1 со Викторија Плзен во реванш осминафиналето во Лигата на Европа, но со победата на гости од 1-2 се пласираа меѓу осумте најдобри.
Пред мечот на „Олимпико“ римските навивачи направија вистинско шоу. Досега невидена кореографија беше креирана само со блицови на мобилните телефони. Со однапред испланиран распоред дел трибината на која се најверните навивачи на Лацио ги запали блицовите.
Probabilmente la più bella coreografia di sempre
Anzi, certamente pic.twitter.com/PSZZ0MCOEL
— | Lazio è basta (@luca_nacchio) March 13, 2025
Епилогот беше една од најуникатните кореографии на светот. Тие направија форма на клупскиот грб, односно орелот и тоа беше одличен призор под загасените светла на стадионот.
Инаку, ова не е првпат навивачите на Лацио да изведат ваква кореографија, ама досегашните беа доста помали во споредба со оваа во која учествуваше малтене цела трибина.