• Иван Димовски
Фудбалската федерација на Македонија ја отвори продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Летонија, кој ќе биде последен на фудбалерите оваа година во Скопје.
Средбата ќе биде од пријателски карактер, а за нас доаѓа во клучен момент и пред решавачкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство. Македонија ќе му гостува на Велс, па против Летонците ќе треба да се воиграат и последните детали во борбата за мундијалски бараж.
ФФМ објави дека билетите ќе чинат по 200 и 300 денари, а отворени ќе бидат само јужната и северната трибина.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра на 13 ноември во терминот од 18:00 часот на националната арена „Тодор Проески“.











