Во пресрет на новата сезоната, Кожуф ги претстави десетте засилувања

Во пресрет на новата сезона на ВМФЛ-Исток, амбициозниот клуб на Кожуф ги претстави своите засилувања, со кои ќе ги напаѓа местата кои водат во враќање во елитата на македонскиот фудбал. 

Новајлии во тимот на Беќаров се Томица Петров Томица, кој доаѓа од Грција, Емир Скендери од Академија Пандев, Живко Димитров од Беласица, Никола Костадинов од Осогово, Лазар Пеев од Локомотива, Дамјан Ивановски од Каменица Саса, Кире Атанасов од ГФК Тиквеш, Стефан Терзиев од Дојранско езеро, а повратниците од странство се Ники Зумровски од Дукла Банска Бистрица (Словачка) и Цветан Чурлинов од Швајцарија.

Со ростерот на играчи за претстојната сезона клубот не би требало да стравува за опстанокот во лигата со оглед на тоа што амбициите се стабилизација во Втората лига и акцент на младите категории. Денес, Кожуф гостува во Кавадарци кај аспирантот за влез во првата лига ГФК Тиквеш.