Во поразот од Милан, Пандев одбележа мал јубилеј во дресот на Џенова

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев во пладневниот пораз на Џенова на „Сан Сиро“ кај Милан (2-1), одигра околу 20 минути во завршницата. 

Струмичанецот го замени Касата во 74. минута од средбата, при негатива од 2-1 и во фаза кога се бркаше резултат. Влегувањето во игра на Пандев, значеше и 150-ти настап во Серија А во дресот на Џенова, што е мал јубилеј за капитенот на Македонија

Дефинитивно, доколку неговата Џенова извлечеше подобар резултат тој ќе беше позадоволен, но што е тука е. Вкупно за „грифоните“ има 159 настапи, на кои има 29 голови и десет асистенции, а во Италија најмногу пати го облече дресот на Лацио, вкупно 192.