• Горан Упале

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е во крајно незавидна ситуација во Горица. Хрватскиот тим бележи лоши резултати во домашниот шампионат и никако не може да излезе од кризата која што го зафати уште од стартот на сезоната.
Ангеловски беше доведен како спасител, но ниту тој, барем засега, не најде решение за разочарувачките настапи на своите избраници. Во пресрет на дуелот со Славен Белупо, кој според тамошните медиуми може да биде последен на Мрме на клупата на Горица, претседателот Ненад Чрнко, повторно потврди дека македонскиот тренер ја има поддршката од сите во клубот.
„Не можам да најдам подобар тренер по квалитет во овој момент, иако ми понудија милион и ми се јавуваат секој ден“, рече тој.
Потоа одговори на прашањето дали дуелот со Славен Белупо за Ангеловски е да се биде или не:
„Што се однесува до мене, НЕ. Неговото заминување може да се случи само ако поднесе неотповиклива оставка! Но, мислам дека тоа нема да се случи“, заврши претседтелот на Горица.
Натпреварот меѓу Горица и Славен Белупо се игра в недела, со почеток од 17:30 часот.