Во Наполи бесни: Дали се оштетени за нерегуларен гол и недосуден пенал? (ВИДЕО)

Екипата на Наполи загуби од Интер во дерби пресметката во 14. колото на Серија А (0-3). Иако триумфот на крајот беше убедлив, сепак шампионот имаше свои шанси уште во првиот дел. „Партенопеите“ се бесни поради две ситуации, за кои судијата Давиде Маса не се огласи. 

Првата беше при резултат 0-0 и во пресрет на голот на Хакан Чалханоглу. На средината од теренот жесток дуел доби Лаутаро Мартинез, но се послужи со раце и го задржа Станислав Лоботка, а подоцна во акцијата падна првиот погодок. Потоа Наполи очекуваше и да добие пенал, откако Ачерби стартуваше врз ногата на Виктор Осимен. Сепак, ВАР собата утврди дека тоа не е доволно за да го повика Маса да ја провери ситуацијата. 

Интер ги искористи своите шанси и на крајот многу убедливо со 0-3 го совлада Наполи среде „Диего Армандо Марадона“. 

Состави

Walter Mazzarri

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-2