• Горан Упале
Италијанската полиција уапси деветнаесет навивачи, поврзани со Интер и Милан, од кои многумина се осомничени за врски со мафијата „Ндрангета“.
Истрагата покажа дека дел од навивачките групи се трансформирани во криминални групи кои вршат измами со билети околу стадионот „Сан Сиро“, што го делат Интер и Милан, изнудуваат сопственици на тезги со пијалоци и навивачи кои го користат паркингот околу стадионот. Обвинителството тврди дека истрагата открила силни врски меѓу мафијашките семејства и водечките канали на ултрас групите „Курва Суд“ и „Курва Норд“ на „Сан Сиро“.
Меѓу вклучените во оваа истрага се водечките ултраси од северот - Андреа Берета, кој веќе е во затвор за убиството на Антонио,а што се случи на 4 септември (Белока беше убиен со дваесет убоди) и Марко Федерико, кој е во затвор од истата причина, но и челниците на „југот“ Лука Лучи и неговиот брат Франческо.
„Ова е многу важна истрага. Ќе нè натера да ги отвориме очите кога се во прашање врските и влијанието на мафијата на фудбалските стадиони“, рече на прес-конференција државниот обвинител за борба против мафијата и тероризмот Џовани Мелиљо.
Обвинителството и полицијата тврдат дека осомничените вршеле притисок врз функционерите и играчите на двата клуба за да добијат големи количини билети за натпреварите. Истрагата откри дека шефовите на ривалските навивачи склучиле пакт за ненапаѓање за да го зголемат и развијат својот нелегален бизнис.