• Иван Димовски

Навивачите во Франција, барем на стартот на новата сезона прават најмногу проблеми. На натпреварот меѓу Ленс и Лил во рамките на Лига 1, се случи нов скандал.
Имено, на полувремето домашните фанови испровоцирани од гостинските, му побегнаа на обезбедувањето и влетаа во теренот. Навивачите на Ленс тогаш се упатија кон теренот и кон трибината на која се наоѓаа гостинските фанови.
- Видео од фановите на Ленс на теренот:
Сепак, брзата реакција на полицијата спречи поголем хаос и го одби налетот на навивачите на Ленс кои се вратија на својата трибина.



