Во Лече тагуваат, натпреварот со Аталанта е одложен! 

Утрешниот натпревар од 34. коло во Серија А меѓу Аталанта и Лече е одложен поради смртта на физиотерапевтот на Лече, Грацијано Фиорета, кој бил пронајден мртов во неговата хотелска соба, според „Газета дело Спорт“. 

Лече побара одложување од федерацијата, што беше прифатено, а новиот термин ќе биде дополнително објавен. Фиорета работеше во Лече над дваесет години, продолжувајќи ја традицијата на својот татко Фернандо, кој исто така беше физиотерапевт на клубот повеќе од една деценија.

Токму со овој натпревар требаше да започне 34. коло во италијанскиот шампионат, кое носи дерби во Милано помеѓу Интер и Рома.