• Иван Димовски
Репрезентацијата на Колубмија го доби последниот натпревар пред Копа Америка, во Конетикет против селекцијата на Боливија со 3-0 (3-0).
- Головите од натпреварот:
„Генералката“ пред континенталниот собир мина одлично за избраниците на Нестор Лоренцо кои уште во првото полувреме го решија пријателскиот натпревар во своја корист. По само пет минути игра Ариас донесе предност со голот за 1-0.
Се чекаше ушта дваесет минути за удвојување на предноста, а тогаш стрелец беше Кордоба. Пред полувремето меѓу стрелците се запиша и Луис Диаз, поставувајќи ги конечните 3-0. Во вториот дел имаше доста измени, а уште еден доказ за жарот на фудбалерите во Јужна Америка беше големиот хаос кој настана во 68. минута.
Имено, Куељар во обид да дојде до топка остро стартуваше врз првата колумбиска ѕвезда Луис Диаз, а тоа ги зовре страстите. Дојде до турканица, за малку ќе имаше и потешка физичка пресметка. Најжестоки во хаосот беа Муњоз од Колумбија и Меначо од Боливија, па судијата Хуитрон им покажа црвени картони.
- Остриот фаул и турканицата на фудбалерите:
Мексиканецот кој делеше правда му го покажа патот кон соблекувалната и на Куељар, меѓутоа по консултација со колегите и протестот на Боливијците, Хуитрон ја смени одлуката.