• Горан Упале

Екипата на ПСВ Ајндховен со убедлива победа од 4-2 над Цволе ги заврши овосезонските настапи на својата „Филипс Арена“, а голеадата започна со комичен автогол на гостинските фудбалери.
Се играше 22. минута кога дефанзивецот на Цволе, Накајама врати до својот чувар на мрежата, но Моус направи катастрофална грешка и дозволи топката да заврши зад неговиот грб.
- Комичниот автогол на фудбалерите на Цволе:
ПСВ Ајндховен со оваа победа ја потврди втората позиција на табелата во Ередивизие, што значи дека следната сезона ќе ја започне со квалификации за Лигата на шампионите.