Во Флорида се дише подобро: Повредата на Меси не е сериозна

Лионел Меси пред два дена предизвика загриженост кога мораше да го напушти теренот во десеттата минута од натпреварот против Некакса. Интер на почетокот не коментираше, бидејќи чекаше лекарски извештај, но се чини дека од денес полесно се дише во Флорида.

Клубот на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Аргентинецот, не е сериозна. Сепак, сè уште не е познато кога Меси ќе се врати на теренот. Тоа сигурно нема да биде в среда на дуелот против УНАС Пумас.

Според тренерот Маскерано, капитенот на светкиот шампион од Катар не почувствувал никаква болка во ногата, туку само мала непријатност. Сепак, тој одлучил да го замени како превентивна мерка, а сега е познато дека повредата на најдобриот играч на Интер Мајами не е сериозна.

ФОТО/PHOTO: Inter Miami