• Горан Упале

Во првиот саботен термин од ФА Купот, Кристал Палас, актуелниот бранител на титулата во најстарото натпреварување, му гостуваше на англискиот шестолигаш Маклсфилд. Лондонскиот клуб, беше голем фаворит, но домаќините од Националната лига Север успеаја да приредат изненадување, победувајќи ги „орлите“ со 2-1.
- Маклфилд - Кристап Палас 2-1:
Со тоа најслабо-рангираниот клуб во третото коло од ФА Купот направи сензација каква не е видена цела 117 години. Поточно, за првпат од 1909 година еден нисколигаш слави победа над бранителот на титулата уште во првата фаза, во која се вклучуваат екипите од елитата.
Големата победа на домаќинот, кој од клупата е предводен од братот на Вејн Руни, Џон, ја обезбедија Пол Досон во 43. минута, а во вториот дел на 2-0 зголеми Исак Бакли, откако по една мешаница постигна атрактивен погодок со пета. Почесниот гол за „орлите“ го постигна Јереми Пино во 90. минута. По завршувањето на натпреварот фановите влетаа во теренот и заедно со фудбалерите го прославија историскиот триумф.
Инаку, Маклсфилд е клуб кој постои само шест години како таков, но е продолжение на ФК Маклсфилд Таун, кој беше купен од Роберт Сметурст во 2020 година.
- Вулверхемптон - Шрусбери 6-1:
Пласман во следната фаза обезбеди и тимот на Лестер Сити, кој на гости кај Челтенам славеше со сигурни 0-2. Најубедлив од попладневната програма беше Вулверхемптон, совладувајќи го Шрусбери со 6-1.
- Челтенем - Лестер Сити 1-2:











