• Иван Димовски
Емотивна сцена се случи во 10. минута од натпреварот меѓу Аргентина и Бенин, кога играта беше накратко прекината во чест на Лионел Меси. Токму во чест на неговиот легендарен број 10, повеќе од 80.000 гледачи на „Монументал“ станаа на нозе и со громогласни овации му оддадоа почит на аргентинскиот капитен.,
Додека трибините аплаудираа, и фудбалерите на теренот застанаа и му оддадоа почит на еден од најголемите во историјата.
„Монументал“ така му приреди емотивно збогување на Меси пред домашната публика, во неговиот последен настап за Аргентина на овој стадион. Натпреварот заврши со победа на домаќинот од 3-0, а капитенот имаше удел со гол и две асистенции.




