• Зоран Мишевски
Ретко видена сцена се случи ноќва во натпревар од Бразилерао.
Пеналот досуден на натпреварот од бразилската лига помеѓу Фламенго и Крисиума (2-1) го обиколи светот. Имено, Фламенго на пет минути пред крајот доби најстрога казна и беше досуден во најмала мера чуден пенал.
Се работи за еден од најчудните и најбизарните пенали во историјата на играта. Домашниот фудбалер Евертон влезе во шеснаесетникот на гостите, а дефанзивниот играч за врска на гостите Барето наеднаш почувствува дека ја има топката во нозете, но не онаа што веќе ја има Евертон. Свесен за ситуацијата, Барето ја шутна втората топка кон ривалот и со неа ја погоди „вистинската“ топка. Така Варето спречи опасност за својот тим, но тоа го направи на нерегуларен начин.
We have NEVER seen this happen before!
Flamengo were awarded a last minute penalty tonight after the Criciúma player kicks a second ball that was on the pitch at the current match ball the attacker is using.
New rule unlocked. pic.twitter.com/CnxLlFqA7A
— The Sportsman (@TheSportsman) July 20, 2024
Во ситуација во која има две топки на теренот, обично натпреварот се прекинува. Бидејќи тоа се случи внатре во шеснаесетникот, судијата покажа на единаесет метри и со жолт картон го казни играчот од средниот ред на гостите.
Барето можеби се надеваше дека ќе се извлече, бидејќи претходно Педро промаши пенал за Фламенго во 64. минута. Овојпат Габриел Барбоса самоуверено шутираше во долниот агол и погоди. Со овој гол домашната екипа оствари победа од 2-1 и запиша нови три бода.