Во Бетис владее паника: Пелегрини си заминува по само три седмици?

Пред неполн месец раководството на Бетис успеа да донесе големо тренерско име од кое се очекува да го врати тимот на победничките патеки во новата сезона. Чилеанскиот стратег Мануел Пелигрини на почетокот на јули го презеде кормилото на „зелените“, но постои можност по само два месеци да го напушти „Бенито Виљамарин“. 

Како што пишуваат бројни шпански медиуми, Пелегрини добил понуда која тешко се одбива од Кина, која доколку ја прифати му ветува астрономска заработка. Името на клубот сè уште не е познато, но за искусниот стратег работењето во Кина нема да биде новина, затоа што во минатото беше на чело на Хебеи.

Тамошните медиуми исто така пишуваат дека во редовите на Бетис владее сериозна загриженост, па клубот веќе започнал да бара можна замена, а тоа најверојатно ќе биде Жорди Кројф. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.