Во Барселона беше незаменлив, а сега никој не го сака: Валдес го напушта и Стандард

Откако во периодот од 2002 до 2014 година беше незаменлив меѓу стативите на Барселона, Виктор Валдес веќе две години не може да го пронајде вистинскиот клуб.

Минатата сезона шпанскиот голман беше претставен како големо засилување на Манчестер Јунајтед, но поради честите расправии со менаџерот, Луј Ван Гал, Валдес не се прослави во англискиот премиерлигаш, па оваа сезона беше испратен на позајмица во Стандард Лиеж. Сепак и престојот во Белгија ќе му биде краток, откако утрово челниците на Стандард одлучија да не му понудат нов договор, па Шпанецот по завршувањето на сезоната ќе се врати во Манчестер. 

34-годишниот шпански голман по тешката повреда на коленото пред две и пол години, никако не може да се врати во претпознатливата форма, па затоа моментално нема заинтересиран клуб за неговите услуги.