• Горан Упале
Во последните недели шпанскиот фудбал го потресе драмата на Барселона околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Таму се случуваа секакви работи, а на крајот Високиот спортски суд (ЦСД) пресуди во корист на Каталонците и дозволи привремена регистрација на овие двајца играчи.
Барселона доби право на жалба, што значи дека конечната одлука ќе биде донесена кога ќе се процесира жалбата, а рокот за тоа е до три месеци. Дотогаш регистрацијата ќе остане валидна или сè ќе се врати на старо и Барселона до крајот на сезоната ќе остане без Олмо и Виктор.
Секако, поради оваа одлука има многу незадоволство во Шпанија, а секако најмногу во Мадрид.
„Законот за спорт постои за да се заштити економската контрола со која Ла Лига го одржува редот. Оваа одлука го доведува тоа во прашање. Нашиот клуб, како и сите клубови од Примера до оваа одлука, ги почитува сите економски правила и ќе продолжи да го прави тоа.
Не само тоа, туку свесни сме дека треба да ги зголемиме капиталните инвестиции доколку сакаме да напредуваме понатаму и тоа ќе го направиме и покрај сите проблеми што ги носи таа одлука. Интервенцијата на владата во овој случај направи опасен преседан, бидејќи ја отвори вратата за другите да ги прекршат правилата и тие ги повторуваат грешките од минатото. Правилата мора да бидат исти за сите, инаку натпреварувањето нема да биде фер“, реагираат од Атлетико Мадрид.
Свое незадоволство од ваквата одлука изразија и Лас Палмас и Атлетик Билбао. Атлетико и Барселона заедно со Реал Мадрид ќе се борат за титулата шпански првак во остатокот од сезоната.