• Мартин Танасковски
Фудбалскиот клуб Железничар од Панчево го претстави своето најново засилување Кристијан Шекуларац. Дваесет и едногодишниот офанзивец потпиша долгорочен договор со клубот што ќе трае до летото 2028 година.
Шекуларац е роден во Лондон, а своите први фудбалски чекори ги направи во младинските категории на швајцарски Сервет, пред да ја продолжи кариерата во две реномирани европски школи, Јувентус и Фулам. Во својата младинска кариера беше дел и од репрезентативните селекции на Швајцарија, каде настапуваше за категории до 17 и 19 години.
Кристијан доаѓа од славно фудбалско семејство. Тој е внук на Мирко Шекуларац, поранешен играч на Црвена звезда, а негов прадедо легендарниот штипјанец Драгослав Шекуларац, втората официјална „ѕвезда“ на белградскиот клуб. Пред доаѓањето во Србија, Шекуларац беше член на унгарски Фехервар, каде го направи првиот професионален настап во сениорска конкуренција.
Инаку, Македонија во минатото го сакаше Шекуларац во своите национални селекции, но тој никогаш не заигра за нашиот национален тим, иако постоеше желба за такво нешто. Кристијан има македонско потекло по неговата баба.


