Внукот на славниот Шекуларац ќе игра со Серафимов во Унгарија

Кристијан Шекуларац, играчот кој е внук на славниот Драгослав Шекуларац и има македонски корени, кариерата ќе ја продолжи во Унгарија каде ќе го носи дресот на една од најдобррите екипи во земјата МОЛ Фехервар.

21-годишниот играч од средниот ред кој ги мина сите младински селекции на Швајцарија, но уште нема сениорски настап, во Видеотон доаѓа од У21-тимот на Фулам со кого беше под договор од 2022 година, ама играше само во втората Премиер лига.

Претходно, Шекуларац играше за младинските погони на Јувентус, Сервет и Женева. Соблекувалната во Видеотон, тој ќе ја дели со македонскиот репрезентативец Никола Серафимов.

Шекуларац во минатото се поврзуваше со сениорскиот тим на Македонија и на Србија, но уште ја нема донесено конечната одлука.