ВМФЛ-Запад: Кадино го шокира Гостивар, Велешта падна во Форино (ВИДЕО)

Кадино го направи изненадувањето на колото во Втората лига - Запад и како домаќин славеше (3-0) над Гостивар кој досега не знаеше за пораз во натпреварувањето.

Гостиварчани имаа далеку поискусен тим на теренот, ама потфрлија и мора да се помират со првиот сезонски пораз. Бодовите се злато вредни за Кадино, затоа што ќе бидат од голема важност во борбата за опстанок.

Погодоците вредни три бода за Кадино ги постигнаа Ринор Ајдини, Кристијан Ивановски и Дамјан Масевски. Првиот гол падна во 25. минута, потоа следеше нов погодок 47. минута, за конечниот епилог да се постави пред самиот финиш.

  • Кадино - Гостивар 3-0:

Вардар Форино на домашен терен беше подобар од Велешта (3-2). Аријан Ејупи со два гола и Рони Синани со еден ја донесоа победата за домашните, додека за гостинот стрелаа Игор Клечкароски и Бењамин Нура.

  • Вардар Форино - Велешта 3-2:

  • Скопје - Кораб 1-0: 

На останатите натпревари Скопје го доби Кораб (1-0), Велазерими беше подобар од Дрита (3-2), додека Охрид Лихнидос дојде до минималец со Тетекс (1-0) благодарение на голот на Ајрадин Цуцули од пенал.