ВМФЛ-Зaпад: Гостивар не го дава врвот, Скопје ремизира кај Дрита (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига - Запад, Гостивар запиша триумф на домашниот дуел од осмото коло против Вардар Форино со минимални 1-0. Досега гостиварчани се без пораз во сезоната, а имаат само две реми средби и шест победи. 

  • Гостивар - Вардар Форино 1-0:

Вардар Форино долго му парираше на фаворитот, се држеше и не дозволуваше гол во својата мрежа. Сепак, концентрацијата падна во самиот финиш и во 81. минута Малик Белули стрелаше за конечните 1-0 и нови три бода на гостиварци. 

Пресметката во Боговиње, меѓу Дрита и Скопје мина без победник и погодоци, па двата тренери мораа да се задоволат само со по еден бод (0-0). Иако скопската екипа важеше за фаворит, домаќинот беше подобар ривал и имаше повеќе шанси, но недостигаше концентрација во завршницата. 

Велешта во последните 15 минути од средбата успеа да направи пресврт и да победи против Влазрими дома со 2-1, со што се израмни со второпласираниот Скопје на првенствената табела. Гостите поведоа уште на стартот преку Албулен Имери, кој во 14. минута стрелаше за 0-1. Долго Влазрими ја држеше предноста, но не успеа до крај. Течеше 76. минута, кога Аљтин Лога го постигна својот прв гол, за во последните секунди со вториот погодок на своето конто, Лога да ги постави конечните 2-1. 

  • Кораб - Охрид 1-0:

Кораби со голот на Филип Алексовски од пенал пред паузата за полувреме ги освои трите бода на домашната пресметка со Охрид (1-0). Екипата од Дебар, со денешниот триумф остана во трка за највисок пласман во западниот дел од Втората лига. Осмото коло се затвора утре со дуелот Тетекс - Кадино во Тетово.