ВМФЛ-Исток: Брегалница убедлива со Кожуф, Тиквеш одржа чекор со лидерот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брегалница со убедлива победа во дербито против Кожуф од 3-0 (3-0) го одржаа лидерското место во Втората македонска фудбалска лига - Исток. Штипскиот тим уште во првиот дел поведоа со три голови разлика, па гостинот од Гевгелија немаше сили да се врати во натпреварот. 

  • Брегалница - Кожуф 3-0:

Резултатот го отвори Андреј Кудијан по 22 минути игра, па Брегалница поведе (1-0). Кога се очекуваше крај на првиот дел со еден гол позитива, Кудијан уште еднаш ја затресе противничката мрежа во 43., а во 45. минута Љупче Кудев зголеми на веќе огромни 3-0 пред паузата. Вториот дел беше помирен и немаше повеќе голови на двете страни. 

Екипата која важи за главен конкурент на Брегалница за првото место во источниот дел од ВМФЛ, Тиквеш запиша домашен триумф над Осогово (3-1). Гостинот на овој натпревар уште еднаш докажа дека е многу посериозен ривал од минатата сезона и успеа да парира до вториот дел, кога сепак прими два голови и загуби. 

Јорданчо Наумоски беше стрелец на погодокот за предност на Тиквеш, откако во 26. минута го пронајде патот до мрежата. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи Тоше Манов го врати Осогово во игра по само три минути. Домаќинот притискаше и се обидуваше, а иницијативата вроди со плод во 71. минута. Ристе Темелков беше стрелец на вториот гол за Тиквеш, а во самиот финиш стрелаше и Александар Мишов.

Кит-Го од Пехчево одигра одличен меч против Росоман и го доби со 3-0 (2-0). Пехчевци во првиот дел поведоа со два голови преку Владимир Дујовски и Тони Мичковски. Во продолжението, Росоман остана со десетмина, бидејќи црвен картон доби Бранко Андонов, а казната стигна преку Бошко Ступиќ кој ги постави конечните 3-0.

  • Кит Го Пехчево - Росоман (3-0):

Ефектен прв дел, со еден гол во самиот финиш одиграа екипите кои котираат над опасната зона, Победа и Каменица Саса (2-2). Домаќинот од Прилеп поведе по само пет минути преку Антонио Бошески, ама Саса за само две минути стигна до пресврт. Сашо Дуков и Дејан Маркоски погодуваа во 15. и 17. минута за 1-2. Иако се очекуваше гостинска победа, во последните секунди Благојче Дамевски погоди за израмнување.

  • Победа - Каменица Саса (2-2):

Слога победи во домашиот дуел против Плачковица и со убедливи 3-0 ги освои трите бода. 

  • Слога - Плачковица (3-0):

И по единаесеттото коло дистанцата меѓу Брегалница и Тиквеш останува два бода во полза на штипјани.