ВМФЛ-Исток: Братство ја изненади Саса, Слога и Победа нови лидери (ВИДЕО)

Осмото коло на источната група на Втората лига донесе дванаесет гола и смена на врвот. Победите на Слога и Победа Прилеп и поразот на Саса од новиот второлигаш Братство Житоше принудија рокада на првата позиција. 

Саса се соочи со многу проблеми на стадионот на „Могилата на непобедените“ во Прилеп. Братство Житоше поведе уште во 11. минута со голот на Еркан Шаип. Сепак, составот на Горан Здравков израмни преку Митар Соколовски во вториот дел. Емир Мустафа во последните мигови од натпреварот го постигна голот вреден три бода за домашната екипата (2-1). По една прекрасна двојна комбинација, фудбалерот за врска се придодаде и со левата нога биеше прецизно во гостинската мрежа на голманот Купанов. 

На „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа во вториот дел го скрши отпорот на Детонит Јуниор од Радовиш. Победата од 1-0 (0-0) за екипата на Дарко Крстески ја донесе Анѓелески со гол во 63. минута.

  • Победа - Детонит Јуниор 1-0: 

На самоуверен начин Кит-Го, воден од Трајче Сенев, славеше на „Никола Мантов“ во Кочани против Осогово со 0-3. Зоран Андонов постигна два гола за гостите од Пехчево (првиот прекрасно изведен слободен удар), а Спировски невниматно ја погоди и сопствената мрежа.

  • Осогово - Кит-Го 0-3: 

Гостинска победа запиша и Беласица, кога ја совлада Локомотива во Градско со 0-2. Головите за струмичани ги постигнаа Васко Глигоров и Стефан Сулев. Возбудувања имаше во Виница, каде Слога го совлада Кожув со 2-1 (1-0). Mитров oд пенал и смешниот автогол на голман Картов ја донесоа победата на домашната екипа, а Петров со глава го ублажи поразот.

  • Слога Виница - Кожуф 2-1:

Победа и Слога се нов лидери со по 19 бода, два повеќе од Саса.