• Мартин Танасковски

Има промени во пресрет на последното коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), затоа што Башкими скокна на второто место на табелата, иако е во исчекување на одлуката за спорниот меч со Кожуф.
- Башкими - Детонит Плачковица 3-2:
Дербито меѓу Арсими и Македонија ЃП заврши без победник (0-0), па така Башкими со победа со доцен гол над Детонит Плачковица (3-2) го презеде второто место. Кумановци губеа на паузата, па направија пресврт, а откако Детонит израмни на 2-2, следеше доцен гол од корнер за победа. Стрелци за домашните беа Хусеин Демири, Аљбан Мемеди и Христијан Митревски, додека за гостите погодија Дамјан Масевски и Лука Трајковски.
- ГФК Охрид - Брегалница 0-1:
Брегалница со доцен гол успеа да победи на гостувањето кај ГФК Охрид (0-1). Единствен стрелец за штипјани на оваа средба беше Бранимир Иванов, кој погоди пред самиот финиш во 98. минута.
- Новаци - Скопје 4-0:
Три бода освои и Новаци со убедлива победа над Скопје (4-0). Стрелци во „покерот“ беа Благој Стојчев, Бобан Здравевски, Бојан Стефановски и Стефан Јовановски.
- Вардарски - Вардар Неготино 0-3:
Три бода освои и Вардар Неготино против испаднатиот Вардарски (3-0). За неготинци погодија Димитар Јанкулов, Ѓорѓи Шишков и Петар Обадиќ.
Кожуф ја совлада Победа со 2-1. Гевгеличани погодија преку Сашо Дуков и Петар Гугуљанов во 63. и 68. минута, а прилепчани го ублажија поразот со убав гол на Јасин Казимоски.
- Победа - Кожуф 1-2:
Дербито на Истокот меѓу Саса и Осогово заврши со победа на домашните од 1-0. Човек на одлука во Македонска Каменица беше Махир Ајрули во 15. минута.
- Саса - Осогово 1-0:
- Беласица - Борец 1-1:
На коло пред крајот, Македонија ЃП има 64 бода, пред Башкими со 63 бода, додека Арсими е третопласиран со 62 бода. На дното веќе ситуацијата е решена, Вардарски и Борец се испаднати, Осогово оди во бараж.